Плановите на украинското Министерство за жените војници да маршираат со високи потпетици наместо со армиски чизми на парадата следниот месец, предизвикаа лути реакции. Ирина Герашченко, пратеничка опозицијата, рече дека тоа е сексизам, а не еднаквост.
Украина се подготвува за воена парада на 24 август по повод 30 години независност по распадот на Советскиот Сојуз. Министерството за одбрана соопшти дека обувките се дел од парадната униформа.
Многумина во Украина изразија шок од планот, а група пратеници го повикаа министерот за одбрана Андриј Таран да се извини. Јавни личности велат дека парада со високи попетици е вистински срам и е средновековен начин на размислување.
Герашченко рече дека првично сметала оти се монтажа сликите на жени војници кои вежбаат во борбени панталони и црни високи потпетици. Таа рече дека тоа е сексизам, а не еднаквост и се прашува зошто Министерството смета дека потпетиците се поважни од дизајнирањето панцири прилагодени за жени. Марија Берлинскаја, армиски ветеран, рече дека парадата треба да демонстрира воена моќ, но оваа како да треба да ги возбуди високите офицери на трибините.
Олена Кондратјук, заменичка-претседател на парламентот, кажа дека повеќе од 13.500 жени се бореле во сегашниот конфликт со кој Украина се спротивставува на сепаратистите поддржани од Русија на исток. Над 31.000 жени сега служат во вооружените сили на земјата, меѓу нив и над 4.000 кои се офицери.