УНГАРСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ПРАВДА ЛАСЛО ТРОЧАЊИ ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ЈОХАНЕС ХАН КАКО КОМЕСАР ЗА ЕВРОПРОШИРУВАЊЕ

    УНГАРСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ПРАВДА ЛАСЛО ТРОЧАЊИ ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ЈОХАНЕС ХАН КАКО КОМЕСАР ЗА ЕВРОПРОШИРУВАЊЕТрочањи (десно) не е член на Фидес, но важи за лојален на Виктор Орбан (Фото: ЕПА)

    Досегашниот унгарски министер за правда Ласло Трочањи и официјално е номиниран за нов комесар за европроширување, функција што во претходната европска влада ја извршуваше Јоханес Хан.

    На денешната прес-конференција во Брисел, новата претседателка на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ги објави имињата на кандидатите кои ќе ги водат 27-те ресори во нејзината администрација. Тие сега треба да поминат низ процес на сослушување пред соодветните комисии во Европскиот парламент пред да биде потврден нивниот избор до 1 ноември.

    Трочањи беше министер за правда од 2014 до 2019 година и иако не е член на владејачката партија Фидес, тој ја предводеше нејзината листа на последните избори за Европски парламент и важи за лојален на премиерот Орбан. Во неговата биографија стои и дека бил судија на Уставниот суд на Унгарија и амбасадор во Франција и Белгија.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира