УНГАРИЈА ГИ ЗАТВОРА ГРАНИЦИТЕ ЗА СТРАНЦИТЕ ЗА ДА СЕ СПРЕЧИ ШИРЕЊЕТО НА КОРОНАВИРУСОТ

    УНГАРИЈА ГИ ЗАТВОРА ГРАНИЦИТЕ ЗА СТРАНЦИТЕ ЗА ДА СЕ СПРЕЧИ ШИРЕЊЕТО НА КОРОНАВИРУСОТУнгарската влада вели дека повеќето нови случаи на зараза се донесени од странство (Фото: Шатерсток)

    Унгарија од 1 септември ќе ги затвори своите граници за сите странци со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, а Унгарците кои се враќаат од странство ќе мора да одат во карантин, објавија од кабинетот на премиерот Виктор Орбан. Од 14-дневниот карантин ќе може да се излезе само по два негативни теста за коронавирус.

    Забраната нема да се однесува на воени и хуманитарни возила, како и на деловни и дипломатски патувања.

    Будимпешта на 24 септември треба да биде домаќин на мечот од европскиот Суперкуп помеѓу Баерн и Севилја.

    „Бројот на нови случаи на коронавирус расте и повеќето од нив потекнуваат од странство“, изјави унгарската влада.

    Оттаму додаваат дека рестрикциите се неопходни за да се овозможи почетокот на новата учебна година следната недела. Унгарија вчера регистрираше 123 нови случаи на зараза, најмногу во изминатите неколку месеци.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира