УШТЕ 49 ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУСОТ ВО ИТАЛИЈА, ГЕРМАНИЈА СТИГНА ДО 600 ЗАРАЗЕНИ

    УШТЕ 49 ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУСОТ ВО ИТАЛИЈА, ГЕРМАНИЈА СТИГНА ДО 600 ЗАРАЗЕНИВкупната бројка заразени низ светот надмина 100.000 (Фото: АП)

    Уште 49 луѓе починаа од коронавирусот во Италија, со што вкупната бројка порасна на 197, објави специјалниот комесар Анџело Борели. Тој додаде и дека во земјата има 620 нови случаи, со што досега се регистрирани 3.916 пациенти.

    „Од досега заболените, 523 се целосно излекувани, а 462 пациенти се на интензивна нега“, кажа Борели.

    Вкупната бројка заразени низ светот денеска надмина 100.000 и Светската здравствена организација предупреди дека спречувањето на ширењето на КОВИД-19 треба да биде врвен приоритет за сите земји.

    Во Шпанија има 104 нови случаи и петмина починати, додека во САД досега се регистрирани 231 заразено лице во 20 сојузни држави.

    Освен Србија, прв случај на коронавирус денеска пријавија и Словачка, Ватикан, Перу, Камерун и Того.

    „Луфтханза“, најголемиот германски авиопревозник, објави дека ќе ги намали летовите за 50% во наредните недели. Во Германија досега има 600 заболени.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира