УШТЕ ЕДНА ЕКСПЛОЗИЈА ВО ЊУ ЏЕРСИ, ПЕТМИНА ПРИВЕДЕНИ ЗА БОМБАТА ВО ЊУЈОРК

a:1:{s:9:"td_source";s:27:"ЊуЏерси,(Мета)

    УШТЕ ЕДНА ЕКСПЛОЗИЈА ВО ЊУ ЏЕРСИ, ПЕТМИНА ПРИВЕДЕНИ ЗА БОМБАТА ВО ЊУЈОРК

    Сомнителен пакет кој беше пронајден на железничка станица во Њу Џерси експлодирал за време на истрагата на специјалните полициски сили. Како што јавуваат светските медиуми, не се работело за контролирана експлозија.

    Властите соопштија дека до детонацијата дошло при обидот за деактивирање на експлозивната направа, која се наоѓала во ранец и е една од петте направи пронајдени за време на истрагата.

    Две лица го забележале пакетот во канта за отпадоци, го извадиле мислејќи дека има нешто вредно, пред да ги видат цевката и жиците. Тие потоа го оставиле пакетот и ја алармирале полицијата, која на местото испратила дрон за да може од воздух да ја сними ситуацијата за надлежните да можат да проценат колку е сериозна.

    Во меѓувреме, пет лица биле уапсени за можна поврзаност со експлозијата на рачно изработена бомба, која во саботата вечерта експлодира на Менхетен, јавуваат американските медиуми. Федералните истражни органи откриле дека бомбата содржела тартин, експлозив кој често се користи за вежбање и може да се купи во продавници за спортска опрема.

    Властите велат дека нема докази оти зад нападот стои некоја меѓународна терористичка група. Во експлозијата која се случи во квартот Челси, повредени беа 29 лица. Вчера градоначалникот на Њујорк, Ендрју Куомо, изјави дека бомбата била терористички акт.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира