ВАКЦИНАТА НА „ФАЈЗЕР“ ДЕЛУВА И ПРОТИВ НОВИТЕ, ПОПРЕНОСЛИВИ ВАРИЈАНТИ НА КОРОНАВИРУСОТ

    ВАКЦИНАТА НА „ФАЈЗЕР“ ДЕЛУВА И ПРОТИВ НОВИТЕ, ПОПРЕНОСЛИВИ ВАРИЈАНТИ НА КОРОНАВИРУСОТВакцината на „Фајзер“ се тестира на разни мутации пронајдени во британскиот и јужноафриканскиот сој (Фото: Ројтерс)

    Вакцината на „Фајзер/Бионтек“ делува и против клучни мутации во новите, високопреносливи варијанти на коронавирусот откриени во Велика Британија и Јужна Африка, покажа истражување спроведено од американската компанија.

    Истражувањето покажало дека вакцината е ефективна во неутрализирањето на вирусот со таканаречената мутација N501Y, која се смета за попренослива од оригиналниот вирус, но не и за поопасна.

    „Досега ја тестиравме вакцината против 16 различни мутации и ниедна од нив немаше никакво значително влијание. Тоа е добра вест, но не значи дека така ќе биде и со 17. мутација“, изјави Фил Дормицер, еден од врвните научници за вакцини на „Фајзер“.

    Според него, загриженост предизвикала и една мутација откриена во јужноафриканската варијанта на коронавирусот. Тој вели дека вакцината на „Фајзер“ ќе се тестира и на други мутации пронајдени во британскиот и јужноафриканскиот сој.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира