ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ЌЕ ПОБАРА ОДЛОЖУВАЊЕ НА БРЕГЗИТ ЗА ТРИ МЕСЕЦИ

    ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ЌЕ ПОБАРА ОДЛОЖУВАЊЕ НА БРЕГЗИТ ЗА ТРИ МЕСЕЦИБританскиот парламент следната недела по третпат ќе гласа за планот на Тереза Меј (Фото: ПА)

    Велика Британија ќе побара од Европската Унија одложување на брегзит, откако британскиот парламент со мнозинство гласови го усвои проширувањето на Членот 50.

    Според ова, Велика Британија нема да излезе од ЕУ на 29 март, како што беше предвидено со претходно усвоениот план, туку од Унијата ќе биде побарана дозвола тоа да се случи на 30 јуни 2018.

    Услов за ова е британските пратеници од трет обид да го прифатат планот на Тереза Меј, за што ќе се гласа наредната недела. Ако нејзиниот план повторно биде одбиен, Меј најави дека ќе побара подолго одложување, но тоа мора да биде одобрено од сите 27 членки на Унијата.

    Претходно, со голема разлика во гласови беше одбиен амандманот за спроведување на втор референдум за брегзит.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари