ВЕЛИКА БРИТАНИЈА НАВЕСТИ ДЕКА БИ МОЖЕЛА ДА ЈА ПРИЗНАЕ НЕЗАВИСНОСТА НА ПАЛЕСТИНА, ДУРИ И ВО ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ

    ВЕЛИКА БРИТАНИЈА НАВЕСТИ ДЕКА БИ МОЖЕЛА ДА ЈА ПРИЗНАЕ НЕЗАВИСНОСТА НА ПАЛЕСТИНА, ДУРИ И ВО ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИВелика Британија долго време го поддржува решението со две држави, според кое Палестинците и Израелците би живееле едни до други во одделни држави (Фото: АП)

    Велика Британија би можела и формално да ја признае палестинската држава, изјави министерот за надворешни работи Дејвид Камерон. Тој додаде дека на Палестинците треба да им се даде политички хоризонт за да се поттикне мир на Блиски Исток.

    Камерон е во четвртата посета на регионот откако во ноември беше назначен за министер.

    „Велика Британија има одговорност да утврди како би изгледала палестинска држава. На Палестинците треба да им се покаже неповратен напредок кон решението со две држави. Додека се случува тоа, ние, заедно со сојузниците, ќе го разгледаме прашањето за признавање на палестинската држава, вклучително и во Обединетите нации. Тоа би можела да биде една од работите кои ќе го направат процесот неповратен“, изјави бившиот британски премиер.

    Македонија не е меѓу 138-те членки на ОН кои досега ја имаат признато независноста на Палестина, што беше прогласена во 1988 година. Меѓу европските држави кои го имаат направено тоа се Србија, Албанија, Чешка, Словачка, Русија, Унгарија, Романија, Бугарија, Шведска, Полска, БиХ и Црна Гора.

    Камерон вели дека последните 30 години биле неуспешна приказна за Израел зашто не успеал да им осигура безбедност на своите граѓани.

    „Само со признавањето на тој неуспех може да има мир и напредок“, кажа тој.

    Велика Британија долго време го поддржува решението со две држави, според кое Палестинците и Израелците би живееле едни до други во одделни држави.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира