ВЕШТЕРКИТЕ ОД САЛЕМ ИМАЛЕ ПОЗАКОНСКО СУДЕЊЕ ОД МЕНЕ, КАЖА ТРАМП ПРЕД ВЕЧЕРАШНОТО ГЛАСАЊЕ ЗА НЕГОВО ОТПОВИКУВАЊЕ

    ВЕШТЕРКИТЕ ОД САЛЕМ ИМАЛЕ ПОЗАКОНСКО СУДЕЊЕ ОД МЕНЕ, КАЖА ТРАМП ПРЕД ВЕЧЕРАШНОТО ГЛАСАЊЕ ЗА НЕГОВО ОТПОВИКУВАЊЕТрамп може да стане само трет претседател во историјата на САД кој бил отповикан (Фото: АП)

    Доналд Трамп е на прагот да биде отповикан од функцијата претседател на САД додека Претставничкиот дом се подготвува за историска дебата за обвиненијата дека тој ја злоупотребил моќта, што ќе кулминира со гласање вечерва после полноќ по македонско време.

    Трамп, кој може да стане само трет претседател во историјата на САД кој бил отповикан, по Бил Клинтон и Ендрју Џонсон, жестоко ги нападна Демократите дека со оваа постапка почнале отворена војна против американската демократија.

    „Од почетокот на процесот на импичмент ми беа ускратени повеќето основни права предвидени со уставот, вклучувајќи го правото да ги видам доказите. Мислам дека позаконски процес им бил овозможен на оние кои беа обвинети за вештерки во Салем“, напиша Трамп во писмото што ѝ го испрати на спикерката на Домот, Ненси Пелоси.

    Дебатата во Конгресот ќе трае повеќе од шест часа, а гласањето треба да се случи меѓу 00:30 и 01:30 часот по македонско време и се очекува да помине бидејќи Демократите имаат мнозинство во Претставничкиот дом. Процесот потоа се префрла во Сенатот, што го контролираат Републиканците.

    Трамп е обвинет дека ја злоупотребил моќта така што ја притискал Украина да отвори истрага против неговиот демократски ривал Џо Бајден и неговиот син Хантер за корупција, заканувајќи се дека во спротивно, ќе ја откаже веќе договорената воена помош од 400 милиони долари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира