ВЈОСА ОСМАНИ ИЗБРАНА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА КОСОВО

    ВЈОСА ОСМАНИ ИЗБРАНА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА КОСОВООсмани од ноември до март беше привремена претседателка (Фото: Приштина инсајт)

    Косовскиот парламент вечерва ја избра Вјоса Османи за нова претседателка на државата. За неа гласаа 71 пратеник во третиот и последен круг од гласањето.

    Триесет и осумгодишната Османи е петтиот избран претседател на Косово од прогласувањето на независноста во 2008 година.

    Поранешната спикерка на парламентот беше привремена претседателка од ноември 2020 до март 2021, наследувајќи го Хашим Тачи, откако тој поднесе оставка поради хашкото обвинение за воени злосторства.

    Изборот на Османи за претседателка на државата беше едно од предизборните ветувања на актуелниот премиер Албин Курти.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира