ВЛАДАТА И 46 АМЕРИКАНСКИ СОЈУЗНИ ДРЖАВИ ГО ТУЖАТ ФЕЈСБУК И БАРААТ ДА СЕ ПОДЕЛИ

    ВЛАДАТА И 46 АМЕРИКАНСКИ СОЈУЗНИ ДРЖАВИ ГО ТУЖАТ ФЕЈСБУК И БАРААТ ДА СЕ ПОДЕЛИМарк Закерберг се обвинува дека ги купувал ривалите пред тие да ја загрозат доминацијата на Фејсбук (Фото: Гети)

    Фејсбук можеби ќе биде принуден да се подели и да ги продаде Инстаграм и Вотсап откако Федералната трговска комисија на САД и речиси сите американски сојузни држави поднесоа судска тужба против компанијата, обвинувајќи ја дека ја злоупотребила својата доминација и дека ја користи стратегијата „купи или уништи“ за да ги разбие ривалите и да ги држи под контрола помалите конкуренти.

    Во тужбата, Фејсбук се обвинува за откупување на ривалите, фокусирајќи се првенствено на претходните аквизиции на Инстаграм во 2012 за една милијарда и Вотсап во 2014 за 19 милијарди долари. Федералните и државните регулатори велат дека овие аквизиции треба да бидат поништени, потег кој би можел да се соочи со долга правна битка, имајќи предвид дека Федералната трговска комисија ги има одобрено пред многу години.

    „Речиси цела деценија, Фејсбук ги користи своите доминација и монопол за да ги уништи помалите ривали и конкуренцијата, сето тоа на сметка на секојдневните корисници“, изјави јавната обвинителка на Њујорк, Летиша Џејмс, во името на коалицијата на 46 сојузни држави и главниот град Вашингтон.

    Таа додаде дека Фејсбук ги преземал ривалите пред тие да можат да ја загрозат неговата доминација.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира