ВО АМЕРИКА СЕ ЧЕКА 3-4 МЕСЕЦИ ЗА НОВ ПАСОШ ПОРАДИ ПАНДЕМИЈАТА

    ВО АМЕРИКА СЕ ЧЕКА 3-4 МЕСЕЦИ ЗА НОВ ПАСОШ ПОРАДИ ПАНДЕМИЈАТАФункционер од Стејт Департментот вели дека имаат заостанати 1,5 до 2 милиони барања за пасош кои веројатно нема да бидат процесирани до наесен. (Фото: Пекселс)

    Американците кои се надеваат да патуваат во странство летово можеби ќе треба да ги одложат своите планови ако им се истечени пасошите.

    Стејт Департментот денеска соопшти дека за нов пасош се чека помеѓу 12 и 18 недели, дури и по итна постапка. Од американската влада велат дека ова е последица на пандемијата на коронавирус која предизвикала екстремни нарушувања во процесот на издавање пасоши.

    Функционер од Стејт Департментот вели дека имаат заостанати 1,5 до 2 милиони барања за пасош кои веројатно нема да бидат процесирани до наесен.

    Рејчел Арнт, заменик-помошник на државниот секретар за пасошки услуги, кажа дека Стејт Департментот почнал да го зголемува  намалениот персонал ширум САД поради пандемијата, но дека за секој случај американските граѓани треба да аплицираат за нов пасош најмалку шест месеци пред да патуваат.

    Стејт Департментот минатиот месец соопшти дека американските граѓани кои живеат во странство, а им е истечен пасошот, можат да ги користат истечените пасоши за да се вратат во САД до 31 декември годинава.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира