ВО БРАЗИЛ НА ГОЛЕМО СЕ КОПААТ ГРОБОВИ ДОДЕКА БОЛСОНАРО ПРОДОЛЖУВА ДА ГО ПОТЦЕНУВА КОВИД-19

    ВО БРАЗИЛ НА ГОЛЕМО СЕ КОПААТ ГРОБОВИ ДОДЕКА БОЛСОНАРО ПРОДОЛЖУВА ДА ГО ПОТЦЕНУВА КОВИД-19Снимките направени со дрон оваа недела покажуваат огромна бројка свежо ископани гробови на гробиштата во Сао Пауло (Фото: Гети)

    Бразил го забележа најсмртоносниот ден од почетокот на епидемијата на коронавирусот и Доналд Трамп најави дека би можел да ги забрани летовите од оваа земја.

    Во изминатите 24 часа, Бразил регистрираше 17.408 нови случаи на коронавирус и 1.179 починати, додека претседателот Жаир Болсонаро продолжува да ја потценува заканата од коронавирусот и да ги критикува гувернерите и градоначалниците што воведуваат строги рестриктивни мерки.

    КОВИД-19 досега однесе речиси 18.000 животи во Бразил и снимките направени со дрон оваа недела покажуваат дека низ земјата на големо се копаат свежи гробови.

    Во понеделникот, Бразил стана трета држава според бројот на заразени, над 271.000 досега, но здравствените експерти предупредуваат дека вистинските бројки се многу повисоки поради недоволно тестирања во земјата. Тие стравуваат дека бразилскиот здравствен систем би можел да колабира во наредните недели ако бројот на заразени продолжи да расте.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира