ВО ГРАДОВИТЕ НИЗ СРБИЈА СЕ СЛАВЕШЕ ИЗБОРНАТА ПОБЕДА НА СТУДЕНТИТЕ, ГРАЃАНИТЕ ТРГНАА НА МЕДИУМИТЕ БЛИСКИ НА ВУЧИЌ

    ВО ГРАДОВИТЕ НИЗ СРБИЈА СЕ СЛАВЕШЕ ИЗБОРНАТА ПОБЕДА НА СТУДЕНТИТЕ, ГРАЃАНИТЕ ТРГНАА НА МЕДИУМИТЕ БЛИСКИ НА ВУЧИЌГлавниот собир беше на плоштадот Славија во Белград (Фото: Н1)

    Во градовите низ Србија и синоќа се славеа големата победа на Студентската листа и тешкиот пораз на Александар Вучиќ на неделните парламентарни избори, при што главниот собир беше на плоштадот Славија во Белград.

    Ова, сепак, не помина без инциденти, откако граѓаните тргнаа на медиумите кои со години беа главни сојузници на Вучиќ. Група граѓани прво упадна во зградата на телевизијата „Информер“ и ја прекина програмата, а потоа граѓаните се собраа пред телевизијата „Пинк“ и фрлаа јајца и шишиња кон неа.

    Граѓаните дојдоа и пред зградата на Радио-телевизија Србија, но таму само се играше оро.

    Студентите во блокада ги осудија инцидентите и судирите, замолувајќи ги граѓаните мирно да си заминат по завршувањето на прославата.

    „Не поддржуваме упади во медиумите и институциите, ниту повикуваме на нив. Важно е да останеме достоинствени и одговорни. Медиумите ќе ги ослободуваме во парламентот. За победата се изборивме заедно и мора да ѝ го зачуваме достоинството“, соопштија студентите.

    Покрај Белград, каде што се собраа десетици илјади луѓе, прослави синоќа имаше и во Ниш, Нови Сад, Чачак, Краљево, Крагуевац и други градови.

    Републичката изборна комисија ги објави прелиминарните резултати од изборите, според кои Студентската листа освои 52,71% гласови и 140 пратенички места, а листата „Обединета Србија“ на Вучиќ доби 39,17% гласови и ќе има 104 пратеници. Вкупно шест мандати освоија четири малцински партии.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира