ВО ХРВАТСКА САМО ДЕВЕТ АКТИВНИ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС

    ВО ХРВАТСКА САМО ДЕВЕТ АКТИВНИ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУСОд почетокот на јуни, во земјата има само три нови случаи на зараза

    Хрватска падна на само девет активни случаи на коронавирус, откако и во изминатите 24 часа не е регистриран ниеден позитивен тест. Шестмина заразени се на болничко лекување, но ниеден не е приклучен на респиратор.

    Од почетокот на месецот, во земјата беа потврдени само три нови случаи на зараза.

    Во Хрватска досега има 2.249 случаи на коронавирус, при што 107 лица починаа.

    Од европските земји, подобра епидемиолошка слика имаат само Црна Гора (ниеден активен случај) и Исланд (три).

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира