ВО НАЈСМРТОНОСНИОТ ДЕН ВО КИНА ОД ПОЈАВАТА НА КОРОНАВИРУСОТ ПОЧИНАЛЕ 242 ЛУЃЕ

    ВО НАЈСМРТОНОСНИОТ ДЕН ВО КИНА ОД ПОЈАВАТА НА КОРОНАВИРУСОТ ПОЧИНАЛЕ 242 ЛУЃЕСветската здравствена организација предупреди дека е рано да се предвидува крај на ширењето на коронавирусот (Фото: АП)

    Во кинеската провинција Хубеи вчера починале 242 луѓе од новиот коронавирус, што е најсмртоносниот ден од неговата појава. Регистрирани се и 14.840 новозаразени и ова е значително зголемување на бројките, откако само ден претходно се сметаше дека ситуацијата се стабилизира.

    Хубеи почна да користи поширока дефиниција за дијагностицирање на нови случаи и се верува дека на ова се должи наглиот скок во бројките. Досега од коронавирусот починале 1.368 луѓе, а 60.000 се заразени.

    Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека е рано да се предвидува крај на ширењето на коронавирусот.

    „Оваа епидемија може да тргне во која било насока“, кажа шефот на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус.

    Во Шијан, град во централниот дел на Хубеи, властите воведоа мерки како во случај на војна, што значи дека само оние кои се активно вклучени во борбата против вирусот смеат да излезат од дома. Од денеска, сите згради во градот ќе бидат запечатени, а јавните области ќе бидат под 24-часовен надзор.

    Голем број авиокомпании, како „Американ ерлајнс“, „Ер Франс“ и „Бритиш ервејс“, објавија дека ги суспендираат сите свои летови кон Кина, што ќе важи цел февруари и март.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира