ВО НАПУШТЕН КАМИОН ВО ТЕКСАС ПРОНАЈДЕНИ 46 ТЕЛА

    ВО НАПУШТЕН КАМИОН ВО ТЕКСАС ПРОНАЈДЕНИ 46 ТЕЛАВо камионот немало вода за пиење и клима-уред (Фото: Гети)

    Најмалку 46 луѓе се пронајдени мртви во напуштен камион на периферијата на Сан Антонио, Тексас. Уште 16 лица, од кои четири деца, се превезени во болница. Официјални лица кажаа дека преживеаните биле жешки на допир и страдале од топлотен удар и исцрпеност.

    Сан Антонио, оддалечен 250 километри од мексиканската граница, е главна транзитна маршрута за шверц на луѓе. Шверцерите често користат камиони за транспорт на мигранти, кои ги собираат на зафрлени места откако тие ќе ја преминат границата.

    Тие имале семејства и се обидувале да пронајдат подобар живот. Ова е ужасна човечка трагедија“, изјави градоначалникот на Сан Антонио, Рон Ниренберг.

    Националноста на жртвите засега не е позната, но министерот за надворешни работи на Мексико, Марсело Ебрард, кажа дека двајца од преживеаните се од Гватемала.

    Од локалната полиција кажаа дека возачот го напуштил камионот, во кој немало вода за пиење и клима-уред, иако температурите во Сан Антонио вчера се искачиле до 39,4 степени.

    Гувернерот на Тексас, Грег Абот, го обвини претседателот Бајден за трагедијата, велејќи дека таа е резултат на неговата смртоносна политика на отворени граници.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира