ВО САД ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ПАТУВА И СО КИНЕСКА ВАКЦИНА

    ВО САД ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ПАТУВА И СО КИНЕСКА ВАКЦИНАКовид вакцината на „Синофарм“ е меѓу оние кои се одобрени од СЗО (Фото: СДК.МК)

    САД објавија дека во земјата ќе можат да влезат сите странски патници кои се имунизирани со некоја од ковид вакцините одобрени од Светската здравствена организација, што ги вклучува и оние произведени во Кина.

    Белата куќа на 20 септември ги укина ограничувањата за патувања за државјаните на 33 земји кои се целосно вакцинирани против ковид-19. Одлуката се однесува и на Кина, Индија, Бразил, Јужна Африка и најголем дел од Европа.

    „Шест вакцини кои се одобрени од Светската здравствена организација ги исполнуваат критериумите за патување во САД“, соопшти Центарот за контрола и превенција на болести.

    Некои држави ја притискаа администрацијата на Бајден да ги прифати вакцините одобрени од СЗО, имајќи предвид дека вакцините одобрени од Агенцијата за храна и лекови на САД не се користат во голем обем во сите земји. Во САД досега се одобрени само вакцините на „Фајзер/Бионтек“, „Модерна“ и „Џонсон и Џонсон“, додека на листата на СЗО се и оние на „АстраЗенека“, „Синофарм“ и „Синовак“.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира