ВО СРБИЈА ДО ПОНЕДЕЛНИК ЗАТВОРЕНИ КАФУЛИЊАТА, РЕСТОРАНИТЕ И ТРГОВСКИТЕ ЦЕНТРИ, А ОД ПОНЕДЕЛНИК СЕ ЗАТВОРААТ СРЕДНИТЕ ШКОЛИ

    ВО СРБИЈА ДО ПОНЕДЕЛНИК ЗАТВОРЕНИ КАФУЛИЊАТА, РЕСТОРАНИТЕ И ТРГОВСКИТЕ ЦЕНТРИ, А ОД ПОНЕДЕЛНИК СЕ ЗАТВОРААТ СРЕДНИТЕ ШКОЛИКафуле во центарот на Белград. (Фото: СДК.МК)

    Кафулињата, рестораните, книжарниците, бутиците, трговските центри, теретаните и цвеќарниците во Србија се затворени од денеска напладне, па сè до понеделник наутро, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

    Со вообичаено работно време продолжуваат да работат само продавниците за храна, бензинските пумпи и аптеките. Закажаните спортски натпревари ќе се одиграат, но без публика. Во скијачките центри овие мерки почнаа да важат уште ноќеска од полноќ.

    Во понеделник, пак, кога повторно сè ќе се отвори, се затворат средните училишта, кои што преминуваат на онлајн настава. Мерките во Србија се на предлог на Кризниот штаб, кој ќе има седница во вторник, на која ќе се одлучува дали ќе има нови мерки.

    Во Македонија, министерот за здравство Венко Филипче најави дека засега нема потреба од нови рестрикции, но додаде дека не исклучува таква можност.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира