ВО ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО БРИСЕЛ УБИЕНИ ДВАЈЦА ШВЕДСКИ НАВИВАЧИ

    ВО ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО БРИСЕЛ УБИЕНИ ДВАЈЦА ШВЕДСКИ НАВИВАЧИФудбалскиот натпревар Белгија-Шведска од квалификациите за Евро 2024 што се игра во градот е прекинат, соопшти УЕФА. (Фото: Гети)

    Две лица се застрелани вечерва во белгискиот главен град Брисел, соопшти полицијата. Белгискиот премиер подоцна потврди дека жртвите биле Швеѓани. Брисел го зголеми на највисоко нивото за закана од тероризам.

    Фудбалскиот натпревар Белгија-Шведска од квалификациите за Евро 2024 што се игра во градот е прекинат, соопшти УЕФА.

    Вооружениот напаѓач побегнал од местото и уште е во бегство. Обвинителите велат дека го третираат пукањето како тероризам.

    На видеото објавено на социјалните мрежи се гледа маж кој зборува арапски и тврди дека го извршил нападот во името на Бога. Човекот во клипот додава дека убил три лица. Канцеларијата на Федералното обвинителство потврди дека го видела видеото, но не може да потврди дека тој е напаѓачот. Видеото и другите снимки од нападот ги проверува полицијата,  изјавија за „Би-Би-Си“.

    Федералните обвинители во Белгија оттогаш изјавија за новинската агенција АФП дека е отворена истрага за тероризам по пукањето на булеварот Ипр.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира