ВРАТАТА E ОТВОРЕНА ЗА БРИТАНИЈА ДА ОСТАНЕ ВО ЕУ, ВЕЛИ ДОНАЛД ТУСК

    ВРАТАТА E ОТВОРЕНА ЗА БРИТАНИЈА ДА ОСТАНЕ ВО ЕУ, ВЕЛИ ДОНАЛД ТУСКЛидерите во ЕУ се охрабрени од победата на Емануел Макрон на претседателските избори во Франција. - Доналд Туск (Фото: СДК.МК)

    Претседателот на Советот на Европа Доналд Туск вели дека сѐ уште има надеж Брегзит да не се случи и покрај официјалните разговори за разделба на Европската унија и Велика Британија, кои почнуваат неделава. Тој кажа дека негови британски пријатели го прашале дали има начин Велика Британија да не излезе од ЕУ.

    „Им кажав дека ЕУ всушност е изградена врз соништа, кои изгледаа невозможно да се постигнат“, рече Туск.
    Лидерите во ЕУ се охрабрени од победата на Емануел Макрон на претседателските избори во Франција пред еден месец.

    Зборувајќи на прес-конференција во Брисел, Туск рече дека сме сведоци на враќањето на ЕУ како решение, а не како проблем.
    „Преговорите за Брегзит почнаа пред три дена. Тоа е многу тежок процес, за кој ЕУ е добро подготвена“, рече Туск.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари