ВРЕДИ ДА СЕ ЖРТВУВА ОВАА ВЛАДА ЗА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА, КАЖА ЦИПРАС ПРЕД УТРЕШНОТО ГЛАСАЊЕ ЗА ДОВЕРБА ВО ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ

    ВРЕДИ ДА СЕ ЖРТВУВА ОВАА ВЛАДА ЗА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА, КАЖА ЦИПРАС ПРЕД УТРЕШНОТО ГЛАСАЊЕ ЗА ДОВЕРБА ВО ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТГласањето за доверба на владата ќе се одржи утре и се очекува Ципрас тесно да го добие (Фото: АП)

    Грчкиот премиер Алексис Ципрас го бранеше договорот за нормализирање на односите со Македонија во пресрет на гласањето за доверба на неговата влада, откако од неа излезе коалицискиот партнер, десничарската партија Независни Грци.

    Ципрас кажа дека одлучил да стави крај на 27-годишниот спор за името со Македонија, сметајќи дека тоа е голема шанса, и покрај високата политичка цена што може да ја плати неговата влада.

    „Убеден сум дека ја правиме вистинската работа“, кажа Ципрас во парламентот на стартот на дводневната дебата во пресрет на утрешното гласање за доверба.

    Се очекува тој тесно да го добие гласањето, иако во моментов, на левичарската партија Сириза ѝ недостигаат шест гласа од потребните 151, откако Независни Грци викендов излезе од коалицијата, протестирајќи против договорот со Македонија.

    Иако сите опозициски партии најавија дека ќе гласаат против владата, четворица пратеници од редовите на Независни Грци изјавија дека ќе се спротивстават на политиката на својата партија, а Ципрас смета на поддршката од уште двајца пратеници, еден десничарски и еден од центарот.

    Барам да ја обновите довербата во оваа влада која ја изведе земјата од должничката и од економската криза и која може да отвори нови перспективи за грчкиот народ“, изјави Ципрас.

    Ако ја добие довербата, тој во наредните неколку дена ќе побара од парламентот да го ратификува договорот со Македонија, во што исто така се очекува да успее.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира