Двајцата астронаути на НАСА вчера се вратија на Земјата во драматично слетување во морето на ретро-начин, со капсулата која со падобран се спушти во Мексиканскиот Залив, со што се заврши историскот пробен лет на компанијата на милијардерот Илон Маск „Спејс Екс“. Американските астронаути Даг Харли и Боб Бенкен, кои летаа до Меѓународната вселенска станица со вселенската капсула „дрегон“, вчера слетаа во морето близу брегот на Мајами. Изградена од „Спејс-Екс“ на Маск, првпат во историјата една приватна компанија испрати ракета со човечки екипаж во вселената.
Во капсула „дрегон“ летаа едни од најискусните американски астронаути Харли и Бенкен, кои поминааа 2 месеца на Меѓународната вселенска станица. Тоа беше прв американски лет со екипаж од територијата на САД во изминатите девет години. Маск се надева дека ова е почетокот на комерцијалните летови и на „такси“ превозот во ниската орбита на Земјата.
Американската вселенска агенција (НАСА) и нејзиниот комерцијален партнер „Спејс Екс“ одлучија капсулата да слета што подалеку од ураганот Исаја, поради што за слетување е избран Мексиканскиот Залив. Последен пат на овој начин слета леталото „аполо“ пред 45 години, кое атерира во Пацификот по средбата во вселената со советското летало „сојуз“. Харли и Бенкен на Меѓународната всленска станица пристигнаа на 31 мај мај по 19-часовен лет.
Ова е почетокот на комерцијалните летови во вселената и НАСА на следните шест мисии исто така ќе ги користи „такси“ услугите на „Спејс-Екс“. Наредната е планирана за втората половина на август, кога ќе патуваат четворица астронаути. НАСА одлучи повеќе да не поседува и да управува со опрема за транспорт на екипаж во ниската орбита на Земјата, туку услугите да ги купува од комерцијалните партнери. „Спејс Екс“ е прва компанија која пружа такви услуги, а нејзината технологија, вклучително и ракетата Фалкон 9 може да се користи повеќепати.