ВТОР ЖЕЖОК БРАН ЈА ПОГОДИ ЕВРОПА, ХОЛАНДИЈА, БЕЛГИЈА И ФРАНЦИЈА ПРОГЛАСИЈА ЦРВЕНА ТРЕВОГА

    ВТОР ЖЕЖОК БРАН ЈА ПОГОДИ ЕВРОПА, ХОЛАНДИЈА, БЕЛГИЈА И ФРАНЦИЈА ПРОГЛАСИЈА ЦРВЕНА ТРЕВОГАПистата на аеродромот „Схипхол“ во Амстердам денеска се полеваше со вода откако во државата беше измерена рекордно висока температура (Фото: Гети)

    Германија, Белгија и Холандија ги регистрираа највисоките температури во својата историја, откако втор жежок бран за период од еден месец погоди делови од Европа.

    Холандската метеоролошка служба објави дека во близина на градот Бреда се измерени 39,2 Целзиусови степени, со што е надминат националниот рекорд од 38,6 степени од август 1944.

    Во Белгија се регистрирани највисоките досега 39,9 степени, што е за еден степен повисоко од претходниот рекорд од 1947 година. Метеоролозите предвидуваат натамошен раст на температурите. Највисоката, црвена тревога е прогласена за територијата на двете земји.

    И Германија објави дека веројатно е поставен нов рекорд, откако во Гелзенкирхен биле измерени 40,5 степени, 0,2 степени повисоко од досегашниот национален рекорд.

    „Најекстремната жештина ќе се пресели од централна и северна Франција во Холандија, Белгија и западниот дел на Германија“, изјави Ерик Листер од сајтот „Акуведер“.

    Француските власти огласија црвена тревога за Париз и за 19 други области, очекувајќи температурите да пораснат до 42-43 степени. Главниот архитект задолжен за обновата на Нотр Дам предупреди дека големата жештина би можела да предизвика уривање на покривот.

    Сегашните жештини во Франција се споредени со оние од август 2003 година, кога починале 15.000 луѓе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира