ВУЧИЌ НАЈАВИ ШТРАЈК СО ГЛАД, ЌЕ ИМ ЗАБРАНИ НА ЛЕКАРИТЕ ДА МУ ПОМАГААТ

ВУЧИЌ НАЈАВИ ШТРАЈК СО ГЛАД, ЌЕ ИМ ЗАБРАНИ НА ЛЕКАРИТЕ ДА МУ ПОМАГААТВучиќ кажа дека нема начин да го замолчат или политички да го победат (Фото: Народно собрание)

Шефот на пратеничката група „Србија победува“, Александар Вучиќ, најави дека би можел да почне штрајк со глад како начин на борба против новата влада, додавајќи дека доколку донесе таква одлука, ќе биде целосно одлучен.

„Нема да земам терапија, нема да земам ништо, прашање на време е кога ќе почнам да штрајкувам со глад. Штом ќе почнам, нема враќање назад. Писмено ќе им забранам на лекарите да ми пружат каква било помош. Ќе бидам целосно одлучен, но тоа ќе биде мојата борба против нив“, изјави Вучиќ за ТВ „Информер“

Вучиќ кажа дека нема начин да го замолчат или политички да го победат.

„Тоа ќе биде мојата борба против нив, бидејќи немаат друго решение. Не можат да ме замолчат, не можат да ме победат. Видовте дека буквално ги уништив сите во Народното собрание. Бидејќи секој од нив е лицемер, секој од нив земаше пари од нас, секој од нив уживаше во нашиот систем. Никој од нив нема никакви принципи, а уште помалку знаење“, рече Вучиќ.

Истакна дека е особено вознемирен од она што му се случи на сопственикот и главен уредник на „Информер“, Драган Вучиќевиќ, наведувајќи дека немало причина за негово апсења. Вучиќевиќ вчера беше уапсен за предизвикување паника и неред во подолг временски период и за попречување на правдата.

„Видов што му направија на Драган. Знам дека немаат за што да ме апсат, никогаш не сум земал пари, никогаш не сум земал дневница, ништо“, изјави Вучиќ.

Тврди дека по апсењето на Вучиќевиќ, тој самиот ќе стане мета на неговите политички противници.

„Тие ќе одат на моја смена или убиство или апсење или лустрација“, рече Вучиќ.

Симнете ја мобилната апликација

©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира