ВУЧИЌ ПРОГЛАСИ ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СРБИЈА, ДО ТРИ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ТИЕ ШТО ЌЕ ГИ ПРЕКРШАТ НАРЕДБИТЕ ЗА ИЗОЛАЦИЈА

    ВУЧИЌ ПРОГЛАСИ ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СРБИЈА, ДО ТРИ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ТИЕ ШТО ЌЕ ГИ ПРЕКРШАТ НАРЕДБИТЕ ЗА ИЗОЛАЦИЈАСрбија е во војна со невидлив непријател, кажа Вучиќ (Фото: Тањуг)

    Претседателот на Србија Александар Вучиќ вечерва прогласи вонредна состојба во земјата поради ширењето на коронавирусот.

    „Србија денес е во војна со невидлив непријател. Мора да сториме сѐ за да им помогнеме на луѓето, особено на старите. Затоа донесовме одлука да прогласиме вонредна состојба на територијата на целата Србија. Одлуката не беше донесена лесно, но никој досега не се соочил со вакво нешто. Го затвораме животот за да зачуваме животи“, кажа Вучиќ.

    Во Србија досега има 48 случаи на коронавирус, од кои, според Вучиќ, две лица се во тешка состојба.

    Тој кажа дека вонредната состојба веднаш стапува на сила и, меѓу другото, предвидува затворање на сите градинки, училишта и факултети и ограничување на работното време на рестораните и кафулињата. Вучиќ кажа дека сите странци кои влегуваат во земјата ќе одат во 14-дневен карантин. Самоизолација од 14 дена е задолжителна за сите државјани на Србија што доаѓаат од странство, а за тие што доаѓаат од жариштата во Италија и Шпанија самоизолацијата е 28 дена.

    За да се заштитат здравствените работници, болниците ќе ги чува војската. На тие што нема да ги почитуваат наредбите за самоизолација им се заканува до 3 години затвор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира