ВУХАН ПО ТРИ МЕСЕЦИ ИЗЛЕГУВА ОД КАРАНТИН

    ВУХАН ПО ТРИ МЕСЕЦИ ИЗЛЕГУВА ОД КАРАНТИНВухан е отсечен од остатокот од светот од средина на јануари (Фото: АП)

    Карантинот во Вухан, епицентарот на глобалната пандемија на коронавирусот, делумно ќе биде укинат на 8 април, објавија кинеските власти. Денеска се укинуваат ограничувањата за патувања во провинцијата Хубеи, на која ѝ припаѓа и Вухан.

    По пауза од речиси цела недела, денеска во Вухан е пријавен прв нов случај на коронавирус.

    Епицентарот на заразата во меѓувреме се пресели во Европа и САД, при што голем број држави се ставија во карантин и забранија јавни собири и патувања.

    Вухан е отсечен од остатокот од светот од средина на јануари и властите кажаа дека сите кои имаат зелен код на широко користена здравствена апликација на смартфон ќе можат да излезат од градот од 8 април.

    Во Кина во последните 24 часа имаше речиси 80 нови случаи на коронавирус, но мнозинството се лица дојдени од странство. Овој таканаречен втор бран на зараза ги погоди и Јужна Кореја, Сингапур и Хонгконг.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира