ЗАПАДНИТЕ САНКЦИИ ЗА РУСИЈА СЕ КАКО ОБЈАВУВАЊЕ ВОЈНА, КАЖА ПУТИН НА СРЕДБАТА СО СТЈУАРДЕСИТЕ НА „АЕРОФЛОТ“

    ЗАПАДНИТЕ САНКЦИИ ЗА РУСИЈА СЕ КАКО ОБЈАВУВАЊЕ ВОЈНА, КАЖА ПУТИН НА СРЕДБАТА СО СТЈУАРДЕСИТЕ НА „АЕРОФЛОТ“„Аерофлот“ денеска објави дека на 8 март ќе ги укине сите меѓународни летови (Фото: ЕПА)

    Владимир Путин ги спореди западните санкции за Русија поради инвазијата на Украина со објавување војна.

    „Но, за среќа, не дојде до таму“, изјави Путин на средбата со стјуардесите на рускиот национален авиопревозник „Аерофлот“, кој денеска објави дека на 8 март ќе ги укине сите меѓународни летови.

    Тој ги отфрли шпекулациите дека ќе прогласи воена состојба во Русија и ги предупреди државите да не воведуваат забрана за летање над Украина, зашто ќе го смета тоа за вклучување во војната.

    „Воена состојба би се прогласила само во случај на внатрешна агресија и тоа во одредени области на воени активности, а таква ситуација немаме и се надевам ќе немаме“, кажа Путин.

    НАТО и САД вчера го одбија барањето на Володимир Зеленски да се воведе зона на забрана за летање над Украина, сметајќи дека тоа би довело до опасна ескалација на војната, со вмешување на многу држави.

    „Секое движење во таа насока ќе го сметаме за учество на таа земја во вооружениот конфликт“, порача Путин.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира