ЗАПАДОТ Е КРИВ ЗА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА, РЕЧЕ ПУТИН

    ЗАПАДОТ Е КРИВ ЗА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА, РЕЧЕ ПУТИН„Оној што ќе посее ветер, ќе жнее виор“, рече Путин.

    Рускиот претседател Владимир Путин денеска се обиде да ja претстави војната во Украина како дел од напорите на Западот да обезбеди глобална доминација. Говорејќи на конференција на експерти за меѓународна политика, Путин ги обвини САД и нивните сојузници дека се обидуваат да им ги диктираат условите на другите нации во „опасна и крвава“ игра за доминација.

    Путин, кој ја испрати руската војска да изврши агресија врз Украина на 24 февруари, укажа на западната поддршка за Украина како дел од широките напори на Вашингтон и неговите сојузници да спроведат, како што го нарекуваат, светски поредок заснован на ред и правила, кој само поттикнува хаос. Рускиот лидер тврдеше дека „оној што ќе посее ветер, ќе жнее виор“. Тој рече дека „човештвото сега се соочува со избор: да акумулира товар на проблеми кои неизбежно ќе нè скршат сите или ќе се обидат да најдат решенија кои можеби не се идеални, но делуваат и би можеле да го направат светот постабилен и побезбеден“.

    Путин рече дека Русија не е непријател на Западот, но ќе продолжи да се спротивставува на диктатот на западните неолиберални елити.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира