Градоначалникот на Киев, Витали Кличко, кажа дека градот влегол во одбранбена фаза, додека руските трупи навлегуваат од периферијата.
„Започна одбраната на градот. Истрели и експлозии се слушаат во некои предградија, а руските саботери се веќе во градот. Непријателот сака да го фрли градот на колена и да нè уништи“, изјави Кличко.
Киев утрово беше цел на руски ракетирања и властите кажаа дека во текот на денот се очекува и силен тенковски напад. Агенцијата „Интерфакс“ пренесе дека руските сили го зазедоа аеродромот „Хостомел“ во близина на Киев.
Руското министерство за одбрана кажа дека Киев е блокиран од западната страна и дека во нападот учествуваат и сепаратистичките трупи од источна Украина.