ЗАРАЗАТА СО КОРОНАВИРУС МОЖЕ ДА ОБЕЗБЕДИ НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ ИМУНИТЕТ, НО И ТИЕ СО АНТИТЕЛА МОЖЕ ДА ГО ШИРАТ ВИРУСОТ, ПОКАЖА АНГЛИСКО ИСТРАЖУВАЊЕ

    ЗАРАЗАТА СО КОРОНАВИРУС МОЖЕ ДА ОБЕЗБЕДИ НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ ИМУНИТЕТ, НО И ТИЕ СО АНТИТЕЛА МОЖЕ ДА ГО ШИРАТ ВИРУСОТ, ПОКАЖА АНГЛИСКО ИСТРАЖУВАЊЕЕкспертите предупредуваат дека постои можност повторно да се фати коронавирус и тој да се пренесе на други (Фото: Ројтерс)

    Повеќето луѓе кои го прележале коронавирусот се заштитени од повторна зараза најмалку пет месеци, вели истражување спроведено од англиски здравствени работници. Тие утврдиле дека оние кои веќе се заразиле со коронавирус имаат 83% помали шанси повторно да го фатат од оние кои претходно не биле заразени, но има докази декаи оние со антитела може да ја шират заразата.

    Но, експертите предупредуваат дека постои можност повторно да се фати коронавирус и тој да се пренесе на други.

    „Резултатите се охрабрувачки и сугерираат дека имунитетот трае подолго отколку што некои луѓе стравуваа, но заштитата не е апсолутна. Загрижувачки е што некои кои повторно се заразиле имаат високо ниво на вирусот, иако не покажуваат симптоми и притоа можат да заразат други“, вели Сјузан Хопкинс од Јавното здравство на Англија, која го водеше истражувањето.

    Истражувањето опфатило 6.614 луѓе со антитела и само 44 од нив повторно се заразиле.

    „Знаеме дека оние кои биле заразени и развиле антитела се заштитени од повторна зараза, но тоа не е трајно и засега не знаеме точно колку трае заштитата“, додаде Хопкинс.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира