ЗАСЕГА ШЕСТ ЗАГИНАТИ ВО ПОЖАРОТ ВО ОБЛАКОДЕР ВО ЛОНДОН

    ЗАСЕГА ШЕСТ ЗАГИНАТИ ВО ПОЖАРОТ ВО ОБЛАКОДЕР ВО ЛОНДОНШефот на полицијата изјави дека очекува бројот на загинати да биде поголем, а спасувачката акција ќе трае повеќе денови (Фото: аматерска фотографија)

    Шест жртви се потврдени во пожарот што ноќеска избувна во облакодер во западен Лондон, а полицијата очекува бројот на загинати да расте. Шефот на полицијата изјави дека очекува бројот на загинати да биде поголем, а спасувачката акција ќе трае повеќе денови, и дека е премногу рано да се каже што го предизвика пожарот.

    Очевидци велат дека луѓето заробени во запалената зграда „Гренфел тауер“  во северен Кенсингтон врескале барајќи помош и повикувале да им се спасат децата. Пожарникариоте спасиле голем број луѓе, но градоначалникот на Лондон Садик Кан вели дека на голем број не им се знае трагата.

    Зградата од 24 ката се уште гори и има ризик да падне. Над 50 луѓе се задржани во болница.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира