ЗАТВОРЕН АЕРОДРОМОТ ЛОНДОН СИТИ, ПРОНАЈДЕНА БОМБА ОД ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА

    ЗАТВОРЕН АЕРОДРОМОТ ЛОНДОН СИТИ, ПРОНАЈДЕНА БОМБА ОД ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНАПо пронаоѓање на експлозивна направа од Втората светска војна на пристаништето Крал Џорџ Петти е воспоставена безбедносна зона од 214 метри (Фото:Гети)

    Најмалиот лондонски аеродром  Лондон Сити е затворен,, откако градежни работници пронајдоа бомба од Втората светска војна, во близина на реката Темза.

    „По пронаоѓање на експлозивна направа од Втората светска војна на пристаништето Крал Џорџ Петти, во рамки на планирани градежни работи, се воспоставува безбедносна зона од 214 метри. Како резултат на тоа Лондон Сити аеродромот моментално е затворен“, соопшти аеродромот.

    Полицијата е повикана откако е пронајдена бомбата. Кралската морнарица исто така беше повикана.

    „Целосно соработуваме со полицијата и со кралската морнарица“, соопшти аеродромот Лондон Сити.

    Операцијата за отсранување на бомбата е во тек. Кралската морнарица воспостави 214 метарска безбедносна зона, за безбедно да се работи на експлозивната направа и да го ограничи на минимум ризикот да настрада јавноста“, соопшти полицијата.

    Аеродромот Лондон Сити покрај Хитроу и Гетвик е меѓународен аеродром кој се наоѓа најблиску до центарот во источно предградие на Лондон. Областа има тешка индустрија и за време на Втората светска војна била густо населена. Кралското пристаниште било главниот влез на реката Темза за дотур на стоки.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари