ЗАТВОРЕНА ЗООЛОШКАТА ВО БЕРЛИН ПОРАДИ СЛУЧАЈ НА ПТИЧЈИ ГРИП

    ЗАТВОРЕНА ЗООЛОШКАТА ВО БЕРЛИН ПОРАДИ СЛУЧАЈ НА ПТИЧЈИ ГРИПЗоолошката ќе остане затворена засега како превентивна мерка, а во меѓувреме, негувателите работат да ги стават во карантин и да ги одделат птиците. (Фото: Берлин зоо)

    Зоолошката градина во Берлин ги затвори вратите за посетители откако една од водните птици беше позитивна на тестот за птичји грип, соопшти установата.

    Рутинската проверка на птица која починала минатата недела покажа дека била позитивна на болеста. Зоолошката ќе остане затворена засега како превентивна мерка, а во меѓувреме, негувателите работат да ги стават во карантин и да ги одделат птиците.

    „Примарната цел ни е да спречиме ширење на птичјиот грип“, кажаа од локалната власт во Берлин.

    Случаи на птичји грип имаше и во зоолошки во други германски градови, како Карлсруе, Рошток и Хајделберг.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира