Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен да се сретне „лично“ со рускиот претседател Владимир Путин на 15 мај во Истанбул на разговори за завршување на војната. Неговата објава следеше веднаш откако Доналд Трамп побара од Украина да се согласи со понудата на Путин за директни разговори меѓу двете земји во Турција.
„Нема смисла да се оддолжуваат убиствата. И јас ќе го чекам Путин в четврток во Турција. Лично“, напиша Зеленски. Тој претходно изјави дека неговата земја е отворена за разговори со Русија, но само откако ќе се воспостави прекин на огнот.
Западните сили повикаа на 30-дневна пауза во борбите што треба да започнат на 12 мај, откако европските лидери кои ја предводат таканаречената „коалиција на волните“ вера се состанаа во Киев. Понудата на Путин за директни разговори следеше по таа интервенција. Трамп потоа објави на социјалните мрежи дека Украина треба да се согласи на тоа „веднаш“ и ќе појасни дали постои начин да се стави крај на војната.
„Барем ќе можат да утврдат дали е можен договор или не, а ако не е, европските лидери и САД ќе знаат каде стои сè и ќе можат да продолжат соодветно“, рече Трамп, додавајќи: „Одржете го состанокот, сега!“
Во својата објава на Х, Зеленски рече дека се надева оти Русија ќе се согласи на прекин на огнот пред разговорите.
„Очекуваме целосен и траен прекин на огнот, почнувајќи од утре, за да ја обезбедиме потребната основа за дипломатијата“, рече тој.
Во обраќањето ноќеска, Путин ја покани Украина да учествува во „сериозните преговори“ за војната, која започна со целосната инвазија на Русија на Украина во 2022 година. Путин рече дека „не може да ја исклучи“ можноста разговорите да резултираат со договор на Русија и Украина за „ново примирје“ – но не се осврна директно на повиците за 30-дневен прекин на огнот.
Рускиот лидер рече: „Ова би бил првиот чекор кон долгорочен, траен мир, наместо пролог на повеќе вооружени непријателства откако украинските вооружени сили ќе добијат ново вооружување и персонал, по трескавичното копање ровови и воспоставувањето нови командни пунктови“. Москва претходно соопшти дека пред Русија да размисли за прекин на огнот, Западот прво мора да ја прекине воената помош за Украина.