ЗЕМЈИТЕ-ЧЛЕНКИ НА ЕУ ВО ИДНИНА НЕМА ДА ДОБИВААТ ЕВРОПСКИ ПАРИ АКО НЕ ГО ПОЧИТУВААТ ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО

    ЗЕМЈИТЕ-ЧЛЕНКИ НА ЕУ ВО ИДНИНА НЕМА ДА ДОБИВААТ ЕВРОПСКИ ПАРИ АКО НЕ ГО ПОЧИТУВААТ ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТОВо договорот се нагласува дека сите членки мора да ги почитуваат слободата, демократијата, еднаквоста и човековите права

    Европскиот парламент и Советот на ЕУ постигнаа договор според кој одобрувањето фондови на земјите-членки во иднина ќе зависи и од тоа колку го почитуваат владеењето на правото.

    „Постигнатиот договор претставува пресврт во заштитата на европските вредности. Првпат воспоставивме механизам кој ќе ѝ овоможи на Унијата да престане да финансира влади кои не ги почитуваат нашите вредности, како владеење на правото“, изјави финскиот европарламентарец Петри Сарвама.

    Европратениците се договорија правилото да не се применува само кога директно се злоупотребуваат парите на ЕУ, туку и кога станува збор за систематските аспекти поврзани со основните вредности на Унијата. Тие нагласуваат дека сите членки мора да ги почитуваат слободата, демократијата, еднаквоста и човековите права, вклучувајќи ги правата на малцинствата.

    Унгарија и Полска, земји кои најчесто се обвинуваат за кршење на владеењето на правото, први го критикуваа новиот договор и најавија дека би можеле да го блокираат ратификувањето на договорот.

    „Сега не е момент да се дискутира за владеење на правото. Сега е поважно земјите погодени од пандемијата на коронавирусот брзо да добиваат финансиска помош од Европската Унија“, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира