ЗЕМЈОТРЕС ОД 5,6 СТЕПЕНИ ЈА ПОГОДИ АЛБАНИЈА, НАЈСИЛЕН ВО ПОСЛЕДНИТЕ 30 ГОДИНИ

    ЗЕМЈОТРЕС ОД 5,6 СТЕПЕНИ ЈА ПОГОДИ АЛБАНИЈА, НАЈСИЛЕН ВО ПОСЛЕДНИТЕ 30 ГОДИНИЕдна зграда во Драч е тешко оштетена, со пукнатина од шестиот кат до приземје. Околу Геолошкиот факултет во Тирана се гледаат отпаднати парчиња од објектот и две уништени возила. (Фото: Твитер)

    Земјотрес со јачина од 5,6 степени и афтершок само малку послаб го погодија албанскиот град Драч попладнево, тресејќи ги зградите таму и во главниот град Тирана. Министерството за одбрана кажа дека ова е најсилниот земјотрес во Албанија во последните 30 години. Жителите на Тирана истрчаа од зградите на улиците и во парковите за безбедност.

    „Сите наши соседи излегоа со трчање и врескање. Фала богу не траеше долго, само 20 секунди. Беше кошмар на 10. Кат. Не се сеќавам на посилен од овој“, изјави 67-годишниот Агим од Тирана за „Ројтерс“.

    Локалните медиуми јавија дека 49 луѓе се примени со повреди во главната болница во Тирана. Во Драч, едно лице ја скршило ногата, а неколкумина се повредени од паднати цигли малтер во руралните средини.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари