ЖИВОТНИОТ ВЕК ВО САД СЕ НАМАЛИЛ ЗА 18 МЕСЕЦИ ВО 2020, НАЈМНОГУ ОД ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА

    ЖИВОТНИОТ ВЕК ВО САД СЕ НАМАЛИЛ ЗА 18 МЕСЕЦИ ВО 2020, НАЈМНОГУ ОД ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНАКовид-19 бил третата најчеста причина за смрт во САД минатата година (Фото: АП)

    Пандемијата на коронавирусот го намалила просечниот животен век во САД за 18 месеци во минатата година, што е најголем годишен пад од Втората светска војна, објави Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

    Просечниот животен век на Американците сега изнесува 77,3 години, додека во 2019 бил 78,8 години. Најголемиот пад на животниот век е забележан кај хиспано популацијата, па следуваат Афроамериканците.

    „Падот на просечниот животен век меѓу 2019 и 2020 година во најголем дел може да се припише на пандемијата. Смртните случаи од ковид-19 придонесле за речиси 75% од падот“, се вели во извештајот на ЦДЦ.

    Повеќе од 609.000 Американци починале во пандемијата, од кои 375.000 минатата година. Ковид-19 бил третата најчеста причина за смрт во САД минатата година.

    „Ваквиот пад буквално значи катастрофа“, изјави Марк Хејворд, професор по социологија на Универзитетот Тексас.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира