ЗЛАТНА ЗОРА ПОВИКА НА ПУЧ И АПСЕЊЕ НА ПРЕМИЕРОТ ЦИПРАС ПОРАДИ ПРИФАЌАЊЕ НА ДОГОВОРОТ СО СКОПЈЕ

    ЗЛАТНА ЗОРА ПОВИКА НА ПУЧ И АПСЕЊЕ НА ПРЕМИЕРОТ ЦИПРАС ПОРАДИ ПРИФАЌАЊЕ НА ДОГОВОРОТ СО СКОПЈЕПратеникот на Златна зора Константинос Барбарусис смета дека прифаќањето на договорот е предавство (Фото: Катимерини)

    Претседателот на грчкиот парламент Никос Вуцис привремено го забрани дејствувањето на неонацистичката партија Златна зора, поради нејзините коментари околу постигнатиот договор за името со Македонија, што беа сфатени како повик на пуч.

    Вуцис реагираше по обраќањето на пратеникот Константинос Барбарусис, кој за време на дебатата во парламентот кажа дека премиерот Алексис Ципрас треба да биде уапсен поради прифаќање на договорот со Македонија.

    „Го повикувам военото водство на државата да ја почитува својата заклетва и да ги уапси премиерот Ципрас, министерот за одбрана Панос Каменос и претседателот Прокопис Павлопулос, со цел да се спречи предавство“, изјави Барбарусис од парламентарната говорница.

    Оваа негова изјава беше сфатена како повик на пуч.

    „Златна зора ќе се обиде да предизвика насилни реакции во наредните денови, кога се очекува да биде потпишан договорот помеѓу Скопје и Атина. Од таа причина, на партијата ѝ се забранува учество во сите наредни сесии“, кажа Вуцис.

    Министерот за одбрана, Каменос, повика да се покрене обвинение против Барбарусис.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира