ЗОРАН МИЛАНОВИЌ ПОБЕДИ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ ВО ХРВАТСКА, ВЕЛАТ ИЗЛЕЗНИТЕ АНКЕТИ

    ЗОРАН МИЛАНОВИЌ ПОБЕДИ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ ВО ХРВАТСКА, ВЕЛАТ ИЗЛЕЗНИТЕ АНКЕТИМилановиќ беше премиер на Хрватска од 2011 до 2016 година (Фото: АП)

    Поранешниот премиер Зоран Милановиќ ќе биде нов претседател на Хрватска, велат излезните анкети.

    Агенцијата „Ипсос плус“ објави дека излезните анкети покажуваат дека Милановиќ освоил 53,2% гласови во вториот круг на претседателските избори, што се одржаа денеска, додека за актуелната претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ гласале 46,75% избирачи.

    Како лидер на Социјалдемократската партија, 53-годишниот Милановиќ беше премиер на Хрватска од 2011 до 2016 година, по што беше во сенка на политичките случувања. Тој победи и во првиот круг на изборите, кога освои 30% гласови, но тогаш разликата во однос на Грабар-Китаровиќ беше само три проценти.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира