ЗОШТО НИ ДОАЃААТ МИГРАНТИ ОД „ПОСРАНИ ДРЖАВИ“, А НЕ ОД НОРВЕШКА, КАЖА ТРАМП

    ЗОШТО НИ ДОАЃААТ МИГРАНТИ ОД „ПОСРАНИ ДРЖАВИ“, А НЕ ОД НОРВЕШКА, КАЖА ТРАМПНе сака веќе во САД да доаѓаат мигранти од Хаити, Ел Салвадор и африкански држави. - Доналд Трамп (Фото: АП)

    Белата куќа не го демантираше срамниот испад на претседателот Доналд Трамп, кој на состанокот со претставниците на двете партии во Овалната соба употреби погрдни зборови за имигрантите кои доаѓаат во САД.

    „Зошто кај нас доаѓаат сите тие луѓе од тие посрани држави?“, запрашал Трамп на состанокот со неколку сенатори.

    Тој ја дал оваа забелешка додека се дискутирало за новиот договор за имигрантите и првенствено се однесувал на луѓето од Хаити, Ел Салвадор и од африканските држави.

    „Зошто ни требаат уште Хаиќани? Исфрлете ги! Зошто не ни доаѓаат мигранти од земји како Норвешка?“, рекол Трамп, кој само ден порано се сретнал со премиерот на една од најбогатите европски држави.

    Републиканскиот сенатор Линдзи Греам, кој, исто така, бил на состанокот, не сакаше да ги коментира овие изјави, што прв ги објави „Вашингтон пост“.

    Минатата недела, Трамп објави дека го укинува Привремениот заштитен статус за 200.000 имигранти од Ел Салвадор, кои добија привремено жителство на САД по катастрофалниот земјотрес во 2001 година. Иако некои од нив живеат во САД повеќе од три децении, тие се соочуваат со депортација доколку не си заминат до наредната година или не добијат законски одобрен престој.

    Овој статус претходно беше повлечен и за жителите на Хаити и Никарагва.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари