КОРОНАВИРУСОТ ГО ПОБЕДИ УШТЕ ЕДЕН 89-ГОДИШЕН БИТОЛЧАНЕЦ

    КОРОНАВИРУСОТ ГО ПОБЕДИ УШТЕ ЕДЕН 89-ГОДИШЕН БИТОЛЧАНЕЦАндон Атанасов има 89 години и е највозрасниот пациент кој го победи коронавирусот, 10 дена се лекувал во Битолската болница. (Фото: Министерство за здравство)

    Уште еден 89-годишен битолчанец го победи коронавирусот. Андон Атанасов се лекуваше на Инфективното одделение во Клиничката болница во Битола, а како што неговиот син ги известил здравствените власти, сега се чувствува добро.

    „Андон Атанасов има 89 години и е највозрасниот пациент кој го победи коронавирусот. Неговиот син нѐ извести дека сега тој е во добра состојба благодарение на посветеноста на докторите во болницата во Битола. Андон е храбар човек со волја за живот. Му посакувам добро здравје и уште многу денови поминати со неговите најмили“, напиша министерот за здравство Филипче на својот фејсбук профил.

    Директорката на Клиничката болница Билјана Гагачовска вели дека пациентот десет дена се лекувал во средно тешка состојба во болницата и испишан е со два негативни теста.

    Тој не е првиот жител на Битола од трето доба кој го преживеа коронавирусот. Во тоа досега успеаја неколкумина битолчани, кои во деветата деценија од животот се излекуваа од ковид-19. Дури и првиот пациент со оваа болест во Битолската болница на почетокот на април беше 85-годишен битолчанец кој се излекува, а после него уште неколкумина други повозрасни пациенти на возраст од 83 до 89 години.

    На втори јули, во Битолската болница беше излекуван уште еден 89-годишен пациент хоспитализиран како веќе позитивен, дијагностициран преку Центарот за јавно здравје, кога кај кого се имаа развиено симптоми на бронхопневмонија.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира