КРИВИЧНИОТ СУД ПО ТРЕТ ПАТ ЌЕ ОДЛУЧУВА ЗА ПРИТВОРОТ НА КОЧАН, АПЕЛАЦИЈА ЈА ПРИФАТИ ЖАЛБАТА НА СЈО

    КРИВИЧНИОТ СУД ПО ТРЕТ ПАТ ЌЕ ОДЛУЧУВА ЗА ПРИТВОРОТ НА КОЧАН, АПЕЛАЦИЈА ЈА ПРИФАТИ ЖАЛБАТА НА СЈОБизнисменот Сеад Кочан, обвинет во случајот „Труст“ на СЈО, пред влезот на Основниот суд Скопје 1 на 28 јуни. (Фото: СДК.МК)

    Ослободувањето на обвинетиот бизнисмен Сеат Кочан во случајот на Специјалното обвинителство именуван како „Труст“, се враќа на повторно одлучување во Основниот суд Скопје 1, објави јавниот радиодифузен сервис МРТВ. Апелациониот суд Скопје соопшти дека ја уважи жалбата на СЈО против одлуката на судијата на претходна постапка да ја укине мерката притвор, што Апелациониот суд веќе еднаш ја изрече, па со помош на Врховниот суд не беше дозволено да се изврши. Одлучувајќи по вторпат, судијата на претходна постапка ја прифати гаранцијата на обвинетиот Кочан од 900.000 евра и одлучи да го ослободи од притвор, само пасошот да му го земе.

    „Апелациониот суд Скопје оцени дека во прилог кон понудената гаранција не биле доставени сите потребни докази релевантни за законито одлучување по предлогот од кој би се утврдила основаноста на понудената гаранција“, е аргументот на Скопска апелација со кој повторно го враќа на одлучување во Основниот суд Скопје 1 притворот на Кочан. Сега со ова укажување од повисокиот суд ќе треба практично по трет пат Основниот суд Скопје 1 да се изјасни за притворањето на Кочан.

    Непосредно пред по вторпат Кочан да биде ослободен од притвор од судијата на претходна постапка во Кривичниот суд, обвинителот од СЈО Гаврил Бубевски рече:
    „Одлуката на Врховен, кој не дозволи да се спроведе одлуката на Апелациониот суд Скопје Кочан да ја добие мерката притвор, претставува драматично кршење на уставните и законските принципи“.

    Место избеганиот Кочан да биде санкциониран за бегството, на иницијатива на државниот обвинител Марко Зврлевски и на Никола Додевски, кој е адвокат на Сеад Кочан, претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски му го укина притворот и случајот го врати на повторно одлучување пред кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1.

    СЈО на 25 февруари отвори истрага против правните лица „Трансмет“, „Силекс неметали СТ“ и „ВАТО“ од Студеничани за фалсификувани документи за учество на тендер на Електрани на Македонија (ЕЛЕМ). Обвинителката Фатиме Фетаи од СЈО на прес-конференција изјави дека ЕЛЕМ им овозможил на конзорциумот од овие три фирми да остварат противправна имотна корист во износ од една милијарда денари или околу 17 милиони евра. Станува збор за јавна набавка за ископ на јаловина во рудникот Суводол во ноември 2011.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира