РУСКИ БОМБИ УБИЈА НАЈМАЛКУ 15 ЛУЃЕ ВО ГРАДОТ ЗАПОРОЖЈЕ

    РУСКИ БОМБИ УБИЈА НАЈМАЛКУ 15 ЛУЃЕ ВО ГРАДОТ ЗАПОРОЖЈЕСе верува дека има и затрупани луѓе под урнатините на погодените згради (Фото: Телеграм)

    Русија го нападна украинскиот град Запорожје со наведувани лизгачки бомби, при што загинаа најмалку 15 лица, меѓу кои и три деца, изјави претседателот Володимир Зеленски.

    Бомбите погодија станбени згради, додаде тој, при што се повредени уште 16 лица. Се верува дека има и затрупани луѓе под урнатините.

    „Во текот на ноќта беа нападнати и 13 други региони. Ќе одговориме на овие руски напади“, рече Зеленски.

    Руските напади се случија само неколку часа откако Доналд Трамп објави договор за увоз на руски дизел во САД, што беше жестоко критикувано од Зеленски.

    „Русија секое попуштање на притисокот го толкува како сигнал дека може да ја продолжи војната. Русија мора да сфати дека војната треба да се запре, а за тоа мора да ги почувствува своите загуби“, напиша тој на Икс.

    Во изминатите три дена загинаа речиси 100 цивили во руските напади низ Украина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира