243 МАЖИ ПОЧИНАЛЕ ЛАНИ ОД РАК НА ПРОСТАТА, НАЈМЛАДИОТ ИМАЛ 45 ГОДИНИ, ВЕЛИ ИНСТИТУТОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ

    243 МАЖИ ПОЧИНАЛЕ ЛАНИ ОД РАК НА ПРОСТАТА, НАЈМЛАДИОТ ИМАЛ 45 ГОДИНИ, ВЕЛИ ИНСТИТУТОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕПостојат бројни ризик фактори за развивање на рак на простата, како взораст и фамилијарна историја. (Фото: К. Попов)

    Двесте четириесет и три лица лани починале од рак на простата во земјава, од кои најмладиот имал 45 години, стои во извештајот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во чест на Ноември – Светскиот месец на машкото здравје.

    Според податоците од Државниот завод за статистика, од тие 243 лица, 142 биле на возраст над 75 години, 75 на возраст од 65-74 години, 24 на возраст од 55-64 години и 2 на возраст од 45-54 години.

    Ракот на простата е малигно заболување. Простата е жлезда која е лоцирана под мочниот меур и пред ректумот. Нејзината функција се состои во производство на течност која ја храни и пренесува семиналната течност. Ракот на простата настанува кога клетките кои го градат ѕидот на истата почнуваат абнормално да растат.

    Постојат бројни ризик фактори за развивање на рак на простата:
    -Возраст (оваа состојба е ретка кај мажи помлади од 40 години, така што со зголемување на возраста расте и ризикот)
    -Етничка припадност (почеста е кај мажи со потекло од Африка)
    -Фамилијарна историја (доста често има позитивна фамилијарна анамнеза)
    -Генски мутации (мутации на БРЦА1 и БРЦА2 гените, што истото така влијаат врз развивање на рак на дојка и на овариуми, може да го зголемат ризикот за развивање на рак на простата исто така)
    -Пушење и исхрана
    -Воспалителни болести на простата
    -Сексуално преносливи болести

    Знаци и симптоми на рак на простата
    Постојат некои чести знаци за присуство на малигно заболување на простата:
    -Крв во урината
    -Проблеми со уринирање, слаб и испрекинат млаз, со зачестено ноќно мокрење
    -Еректилна дисфункција
    -Болка
    -Неконтролирани нагони за мокрење

    „Раното откривање на ракот на простата е многу битно во превенцијата на оваа болест. Доколку имате над 40 години, сте имале некој член од семејството кој боледувал од рак на простата, или пак чувствувате некој од симптомите, консултирајте се веднаш со вашиот матичен лекар. Понатаму тој ќе ве насочи за потребните испитувања и прегледи кои треба да ги направите. Раното откривање на болеста доколку е присутно, дава можност за нејзино дефинитивно лекување“, апелираат од ИЈЗ.

    Б. НЕСТОРОСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.


      ГЛАСНО - во САКАМДАКАЖАМ.МК пријавете проблеми во здравствениот систем


      Почитувани читатели, ни треба вашата помош за заедно да ги откриеме, истражиме и придонесеме за решение на какви било проблеми што го отежнуваат или оневозможуваат пристапот до квалитетна услуга во јавното здравство. Пишете ни за вашите проблеми со здравствените институции низ целата земја. Ви благодариме на довербата.

      Симнете ја мобилната апликација

      ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира