822 ЛИЦА ПО ВТОРПАТ СЕ ЗАРАЗИЛЕ СО КОВИД-19 ОД ПОЧЕТОКОТ НА ПАНДЕМИЈАТА

    822 ЛИЦА ПО ВТОРПАТ СЕ ЗАРАЗИЛЕ СО КОВИД-19 ОД ПОЧЕТОКОТ НА ПАНДЕМИЈАТААктивни болни се 8.331, а во болниците лежат 534 лица, а од нив 343 се на кислородна поддршкa. (Фото: СДК.МК)

    Од 8 до 14 ноември од ковид-19 заболеле 3.218 лица од 34 градови во земјава, што е намалување од 8,1% во однос на минатата недела, вели извештајот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). За споредба, од 1 до 7 ноември бројката новозаболени од ковид-19 за една недела се зголеми за 25 отсто, односно регистрирани беа  3.504 нови позитивни случаи во 33 градови.

    Од 8 до 14 ноември тестирани се 21.346 материјали, со намалување од 3,5% во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 10,7% до 20,4%, просечно 14,8%. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (1.299; 40,3%), со неделна инциденца – 204,8/100.000. Највисока неделна инциденца е регистрирана во Демир Хисар 504,1/100.000 и Кратово 453,4/100.000.

    Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (791, 24,6%). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 (102; 3,2%). Се забележува намалување на бројот на заболени кај сите возрасни групи, со најзабележително намалување кај возрасната група од 0-9 години, 18,4% помалку во однос на претходната недела.

    Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 1.677 (52,1%) лица од женски и 1.541 (47,9%) од машки пол.

    Пријавени се 77 смртни случаи во 23 градови во текот на изминатата недела, најголем дел од нив се од Скопје (26). Најголем број (68; 88,3%) од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години, а регистрирани се починати лица и кај возрасната група од 40-49 години (5), 50-59 години (3) и 30-39 години (1).

    Активни болни се 8.331, а во болниците лежат 534 лица, а од нив 343 се на кислородна поддршка и 21 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација. Минатата недела биле хоспитализирани 548 лица.

    Со статус оздравени се стекнале 2.660 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

    Во текот на мината недела вкупно се пријавени 36 реинфекции, со намалување од 26,5% во однос на претходната недела. Заклучно со 14 ноември вкупно се регистрирани 822 реинфекции (една втора реинфекција).


      ГЛАСНО - во САКАМДАКАЖАМ.МК пријавете проблеми во здравствениот систем


      Почитувани читатели, ни треба вашата помош за заедно да ги откриеме, истражиме и придонесеме за решение на какви било проблеми што го отежнуваат или оневозможуваат пристапот до квалитетна услуга во јавното здравство. Пишете ни за вашите проблеми со здравствените институции низ целата земја. Ви благодариме на довербата.

      Симнете ја мобилната апликација

      ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира