ДЕНЕС ПОЧНУВА ВАКЦИНАЦИЈА БЕЗ ЗАКАЖАН ТЕРМИН, СЕ ОДИ САМО СО ДОКУМЕНТ ЗА ЛИЧНА ИДЕНТИФИКАЦИЈА

    ДЕНЕС ПОЧНУВА ВАКЦИНАЦИЈА БЕЗ ЗАКАЖАН ТЕРМИН, СЕ ОДИ САМО СО ДОКУМЕНТ ЗА ЛИЧНА ИДЕНТИФИКАЦИЈАВо Скопје вакцинарање без закажан тремин, ќе има во Поликлиниките Јане Сандански, Букурешт, Чаир и во Шуто Оризари. (Фото: СДК.МК)

    Македонските граѓани од денес во земјава може да се вакцинираат против ковид-19 без закажан термин.

    „За вакцинација, доволно е само желба и задолжително документ за лична идентификација, за здравствените работници да ги запишат вашите податоци и да бидете евидентирани во системот Мој термин“, вели Министерството за здравство.

    • Од денес по слободна волја може да се вакцинираат и деца од 12 до 16 години, а за нив ќе биде достапна само вакцината на „Фајзер“.
    • Денеска исто така почнува и теренската вакцинација низ земјава.
    • Граѓаните кои немаат закажано термин, првата доза вакцина ќе може да ја примат во пунктовите во здравствените, домови, болници или поликлиники во градовите, односно во постоечките вакцинални пунктови во здравствените установи.
    • Во спортските сали, ќе се врши масовна ревакцинација и таму нема да се вакцинираат граѓани кои немаат термин за вакцина.
    • Вакциналните пунктови во јавните здравствени установи, ќе имаат работно време, кое е објавено на вратите од здравствените установи.
    • Во Скопје вакцинарање без закажан тремин, ќе има во Поликлиниките Јане Сандански, Букурешт и Чаир, кои ќе работат од 7.30 до 19.30 часот.
    • Од денес ќе се отвори и нов вакцинален пункт во Поликлиниката во Шуто Оризари кој ќе работи од 7.30 до 14.30 часот.
    • Процесот за теренска вакцинација е организиран, здравствените домови од секој град, во соработка со локалната самоуправа, месните заедници со помош на локални медиуми, плакати, ги информираат граѓаните за денот и часот , во кое село, населба, рурално населено место ќе се врши вакцинација.
    • Вакцинацијата во земјава се одвива со „Фајзер“, „АстраЗенека“ и „Синовак“.
    • На вакциналните пунктови во државата заклучно со завчера вакцинирани се вкупно 417.141 граѓани.

    Министерот за здравство Венко Филипче смета дека сега, кога државата обезбедила доволно вакцини против ковид-19 за да бидат достапни за секој што сака да се заштити, повеќе не би требало да има затворања за сите, полициски часови и слично, туку граѓанките и граѓаните да си преземат одговорност за сопственото и за здравјето на најблиските. Остануваат само основните мерки за спречување на ширењето на заразата – маски во затворено, или каде што има многу луѓе на мал простор, социјална дистанца и често миење раце.

    „Епидемија може да трае и повеќе години, имаше некои предвидувања дека може да трае и до 2024, дека ќе премине можеби и во ендемска форма, ама тоа не значи дека ние треба да живееме затворени“, вели министерот Филипче.

    Б. НЕСТОРОСКА


      ГЛАСНО - во САКАМДАКАЖАМ.МК пријавете проблеми во здравствениот систем


      Почитувани читатели, ни треба вашата помош за заедно да ги откриеме, истражиме и придонесеме за решение на какви било проблеми што го отежнуваат или оневозможуваат пристапот до квалитетна услуга во јавното здравство. Пишете ни за вашите проблеми со здравствените институции низ целата земја. Ви благодариме на довербата.

      Симнете ја мобилната апликација

      ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира