ИЗМИНАТАТА НЕДЕЛА ЗГОЛЕМЕНА СМРТНОСТА ОД КОВИД-19, А НАМАЛЕН БРОЈОТ НА НОВИ ЗАРАЗЕНИ И ХОСПИТАЛИЗИРАНИ

    ИЗМИНАТАТА НЕДЕЛА ЗГОЛЕМЕНА СМРТНОСТА ОД КОВИД-19, А НАМАЛЕН БРОЈОТ НА НОВИ ЗАРАЗЕНИ И ХОСПИТАЛИЗИРАНИСпоред извештаите од болниците моментално се хоспитализирани 443 лица, за 10,5% помалку во споредба со претходна недела. (Фото: К. Попов)

    Од 22 до 28 ноември од ковид-19 во земјава починале 98 лица од 24 градови, за разлика од претходната недела, кога починале 91 лице од 21 град, стои во извештајот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

    Најголем дел од починатите од 22 до 28 ноември се Скопје (32). Во однос на возраста, најголем број (86; 87,8%) од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години, а регистрирани се починати лица и кај возрасната група од 50-59 години (6), 40-49 години (3) и 30-39 години (3).

    По компликации од коронавирус досега во земјава починаа 7.569 лица.

    Изминатава недела тестирани се 18.781 материјали со намалување од 5,1% во однос на минатата недела. Регистрирани се 2.751 нов позитивен случај од 35 градови во државата со намалување од 6,1% во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 9,5% до 17,5%, просечно 14,3%. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (1.279; 46,5%), со неделна инциденца – 201,7/100.000. Највисока неделна инциденца е регистрирана во Берово 389,6/100.000.

    Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (635, 23,1%). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 (119; 4,3%). Се забележува намалување на бројот на заболени кај сите возрасни групи, освен кај возрасната група од 0-9 години (+14,4%). Најзабележително е намалувањето кај возрасната група на лица од 10-19 години (-10,7%).
    Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 1.490 (54,2%) лица од женски и 1.261 (45,8%) од машки пол.

    Со статус оздравени се стекнале 2.829 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

    Во текот на мината недела вкупно се пријавени 44 реинфекции, со намалување од 10,2% во однос на претходната недела. Заклучно со 28 ноември вкупно се регистрирани 914 реинфекции (0,4%), од кои една е втора реинфекција.

    Се забележува намалување на инциденцата во 22 градови во државата во последните 14 дена во споредба со претходните 14 дена, со најзабележително намалување во Пробиштип

    Според извештаите од болниците моментално се хоспитализирани 443 лица (-10,5% во споредба со претходна недела), а од нив 316 се на кислородна поддршка (-4,2% во споредба со претходна недела) и 10 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација (-28,6% во споредба со претходна недела).


      ГЛАСНО - во САКАМДАКАЖАМ.МК пријавете проблеми во здравствениот систем


      Почитувани читатели, ни треба вашата помош за заедно да ги откриеме, истражиме и придонесеме за решение на какви било проблеми што го отежнуваат или оневозможуваат пристапот до квалитетна услуга во јавното здравство. Пишете ни за вашите проблеми со здравствените институции низ целата земја. Ви благодариме на довербата.

      Симнете ја мобилната апликација

      ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира