ЛИЦАТА НА 73 И 74 ГОДИНИ ЌЕ СЕ ВАКЦИНИРААТ СО „СПУТНИК“, „АСТРАЗЕНЕКА“ И СО КИНЕСКАТА, РЕЧЕ ФИЛИПЧЕ

    ЛИЦАТА НА 73 И 74 ГОДИНИ ЌЕ СЕ ВАКЦИНИРААТ СО „СПУТНИК“, „АСТРАЗЕНЕКА“ И СО КИНЕСКАТА, РЕЧЕ ФИЛИПЧЕВакцинацијата на граѓаните на 73 и 74 години ќе почне утре во „А1 арената Борис Трајковски“. (Фото: К. Попов)

    Граѓаните на 73 и 74 години ќе се вакцинираат со „спутник“, „АстраЗенека“ и со кинеската вакцина против ковид-19, појасни денеска министерот за здравство Венко Филипче. Министерството за здравство доцна синоќа соопшти дека дополнителни слободни термини за вакцинација на граѓани од 73 и 74 години се пуштени во „А1 арената Борис Трајковски“. Граѓаните од оваа возрасна група кои досега изразиле желба за вакцинација преку веб страницата вакцинација.мк или преку матичен лекар, треба да се пријават кај својот матичен за да им закаже термин за вакцинација.

    Вакцинацијата на овие групи граѓани ќе почне утре на пунктовите во „А1 арената Борис Трајковски“.

    „Денеска во ‘Борис Трајковски’ завршува вакцинирањето на критичната државна инфраструктура. Фрекфенцијата е зголемена изминативе денови на вакциналните пунктови, и од 700 до 800 на ден, сега е од 1.000 до 1.500 согласно пријавените термини. Од утре ќе се вакциираат лицата под 75 години, најпрво во Скопје бидејќи тука е најголем притисокот. Од  вакцината ‘спутник’, на крајот на денов ќе останат околу 2.500, кажувам приближни бројки, на кои ќе надополниме 2.000 вакцини на ‘АстраЗенека’, остатокот од 24.000, бидејќи 22.000 се веќе распределени. И плус 1.000 кинески вакцини кои стигнаа како донација од Обединетите Арапски Емирати. Тоа е отприлика за вкупната бројка на граѓани до вчера пријавени во Скопје на 73 и 74 години. Како ќе доаѓаат вакцините, така ќе се надополнуваат системите“, рече министерот.

    По 10 илјади вакцини „Фајзер“ ќе стигнат во земјава на 19 и 26 април, кажа тој. Станува збор за вакцини против ковид-19 кои се добиени со директен договор на земјава со компанијата. Министерот додаде дека очекуваат потврди за термините од Кинеската и од Руската амбасада, а 76.000 дози на „АстраЗенека“ преку Ковакс-механизмот би требало да стигнат до крајот на месецов. Вакцините преку трипартитни договори со Европската Унија се очекуваат на почетокот на мај.

    „Со оглед на тоа дека поголема пратка на вакцини која е очекуваме е од Кина, се планира масовна вакцинација и во повеќе градови освен во Скопје, и тоа во објекти во: Куманово, Штип, Кавадарци, Битола, Охрид и Тетово, кои ќе ги покријат и околните градови“, рече Филипче.

    Според сајтот ковид19вакцинација.мк, досега во земјава се вакцинирани околу 30 илјади граѓани.

    Б. НЕСТОРОСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.


      ГЛАСНО - во САКАМДАКАЖАМ.МК пријавете проблеми во здравствениот систем


      Почитувани читатели, ни треба вашата помош за заедно да ги откриеме, истражиме и придонесеме за решение на какви било проблеми што го отежнуваат или оневозможуваат пристапот до квалитетна услуга во јавното здравство. Пишете ни за вашите проблеми со здравствените институции низ целата земја. Ви благодариме на довербата.

      Симнете ја мобилната апликација

      ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира