НА ДЕТСКАТА КЛИНИКА ЛЕЖАТ 15 ДЕЦА ПОЗИТИВНИ НА КОВИД-19, СИТЕ СЕ СТАБИЛНИ, РЕЧЕ ДИРЕКТОРКАТА СОФИЈАНОВА

    НА ДЕТСКАТА КЛИНИКА ЛЕЖАТ 15 ДЕЦА ПОЗИТИВНИ НА КОВИД-19, СИТЕ СЕ СТАБИЛНИ, РЕЧЕ ДИРЕКТОРКАТА СОФИЈАНОВАДиректорката на Детска клиника д-р Софијанова и вицепремиерот за европски прашање Димитров на промоцијата на донацијата од Словачка. (Фото: К. Попов)

    Трендот на намалување на бројот на заболени од ковид-10 се забележува и кај децата, рече денеска директорката на Клиниката за детски болести д-р Аспазија Софијанова на промоцијата на донација од Словачка.

    Директорката рече дека во моментов на Клиниката има 15 деца со 15 мајки кои се ковид-позитивни и се стабилни.

    „Дел од нив веќе ги испишуваме. Сите се во сосема стабилна состојба, немаме ниедно во загрозувачка состојба“, кажа д-р Софијанова.

    Од почетокот на коронакризата, според последните податоци од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во возрасните групи од 0-9 и 10-19 години, се пријавени по 2.833, односно 6.532 случаи.

    Донацијата од Словачка ја претставија вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, Мартин Клус заменик-министерот на МНР на Република Словачка и амбасадорот на Република Словачка Хенрик Маркуш. Се состои од четири вентилатори, кои како што д-р Софијанова, се модерни, најсовремени и оти децата го заслужуваат најдоброто во лекувањето.

    Министерот за здравство Венко Филипче додаде дека на респираторите веќе биле поставени ковид пациенти и за среќа лекувањето било успешно.

    Б. НЕСТОРОСКА


      ГЛАСНО - во САКАМДАКАЖАМ.МК пријавете проблеми во здравствениот систем


      Почитувани читатели, ни треба вашата помош за заедно да ги откриеме, истражиме и придонесеме за решение на какви било проблеми што го отежнуваат или оневозможуваат пристапот до квалитетна услуга во јавното здравство. Пишете ни за вашите проблеми со здравствените институции низ целата земја. Ви благодариме на довербата.

      Симнете ја мобилната апликација

      ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира